Достапни линкови

Пронајдена една од црните кутии на авионот на Еразија


Индонезиски нуркачи успеале да извадат една од црните кутии од авионот на Еразија кој се урна во Јаванско море пред повеќе од две недели. Соопштено е дека кутијата со снимените податоци била пронајдена под едно од крилата на авионот. Нуркачите ја продолжуваат потрагата и по вторака црна кутија на која се снимани разговорите во пилотската кабина. Двете кутии се клучни во откривањето на причината на падот на авионот во кој загинаа 162 патници и членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG