Достапни линкови

logo-print

Во Берлин состанок за Украина


Шефовите на дипломатиите на Германија, Русија, Украина и Франција ќе се состанат денеска во Берлин за да разговараат за начините за решавање на украинската криза. До ова доаѓа на неколку денови пред можната средба на лидерите на овие четири држави во главниот град на Казахстан Астана. Претходно, германскиот канцелар Ангела Меркел му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека е прерано за еден таков самит. Меркел оцени дека за да биде состанокот успешен треба да има прогрес во спроведувањето на мировниот договор што во септември лани беше постигнат во Минск.

XS
SM
MD
LG