Достапни линкови

Прва жена претседател на Хрватска


Колинда Грабар Китаровиќ

Колинда Грабар Китаровиќ

Колинда Грабар Китаровиќ, конзервативен популист, победи на вчерашниот втор круг од изборите за претседател на Хрватска. Таа освои 21 илјада гласови повеќе од сегашниот шеф на државата Иво Јосиповиќ. „Ќе работам за Хрватска и нема да дозволам некој да вели дека Хрватска не е просперитетна земја“, изјави Китаровиќ во говорот по изборната победа. Претседателската функција во Хрватска е главно церемонијална. Сепак, аналитичарите на нејзината победа гледаат како на барометар за расположението на граѓаните пред парламентарните избори што треба да се одржат годинава.

XS
SM
MD
LG