Достапни линкови

Западот со здружени ресурси во борбата против екстремизмот


Јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер, најави дека Вашингтон ќе биде домаќин на самитот на 18 февруари, каде ќе се зборува за тоа како да се води борбата против „екстремизмот во целиот свет“, во пресрет на неодамнешните терористички напади во Париз. Во денешниот говор во францускиот главен град, каде ќе учествува на масовните демонстрации за солидарност со 17 жртви убиени од страна на исламистичките вооружени лица во Париз, Ходер изјави дека целта на самитот во Вашингтон ќе биде „да се здружат нашите ресурси.“ Тој го соопшти ова откако се сретна со европските шефови за правда и за внатрешни работи. Во соопштението, министрите за внатрешни работи побараа Европската унија да ги зајакне своите надворешни граници. Исто така рекоа дека постои „итна потреба“ да се споделуваат информации за европските патници што патуваат со авиони.

XS
SM
MD
LG