Достапни линкови

Прободен фудбалскиот селектор на Авганистан


Тренерот на националниот фудбалски тим на Авганистан е повреден од убод со нож од страна на непознати напаѓачи во Кабул. Полицијата во Кабул соопшти дека Мохамед Јусуф Каргар се враќал од свадбена прослава доцна синоќа, кога бил нападнат блиску до неговиот дом. Тој бил прободен во грбот, а исто така имал и повреди на главата. Каргар е во стабилна состојба во приватна болница во Кабул, откако му била извршена операција во текот на ноќта. Случајот, кој може да биде и од личен спор, е под истрага. Каргар имаше централна улога во обновата на фудбалската програма во Авганистан по падот на талибанскиот режим, кој ги забрани речиси сите спортови и ко користеше фудбалскиот стадион во Кабул за егзекуции. Каргар го предводеше националниот тим на Авганистан за да победи на шампионатот на Јужноазиската фудбалска федерација, кога ја порази Индија со 2:0.

XS
SM
MD
LG