Достапни линкови

Индонезиските власти трагаат по црните кутии на авионот на Ер Азија


Во потрага по исчезнатите црни кутии од паднатиот авион на Ер Азија, индонезиските власти велат дека слушнле повеќе сигнали, еден ден откако беше пронајдена опашката на авионот во морето Јава. Три различни индонезиски бродови денеска детектираа сигнали, околу 4 километри од местото каде беше извадена опашката. Но, властите велат дека е многу рано за да се знае дали сигналите доаѓаат од црните кутии, кои се откачиле од опашката при уривањето на 28 декември, при што умреа 162 луѓе. Досега се пронајдени телата на 48 жртви. Потрагата постојано е попречена од големите бранови и силните струи, кои создаваат заслепувачки усолви за нуркачите. Црните кутии ги содржат податоцте со кои може да се утврди причината за несреќата. Тие емитуваат сигнали 30 дена, се додека не се потрошат батериите, оставајќи време од околу две недели.

XS
SM
MD
LG