Достапни линкови

Соработка на Иран и Венецуела за да ја стабилизираат цената на нафтата


Иранскиот врховен лидер, Ајатолах Али Хамнеи, за време на посетата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во Техеран, рече дека ја поддржува меѓусебната соработката во обидот да се поништи падот на цената на нафтата. Хамнеи опишувајќи го „чудниот пад на цената на нафтата“ како „политички трик, кој не е поврзан со пазарот“ рече дека тоа е предизвикано од „нашите заеднички непријатели“. Мадуро го посети Техеран за време на турнеата на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), каде членува и Венецуела. Иранскиот претседател Хасан Рохани, за време на посетата со Мадуро, рече дека Иран и Венецуела „несомнено соработуваат за да ги спречат стратегиите на светските сили и за да ја стабилизираат цената на нафтата во 2015 година. Цената на нафтата падна за околу 50 проценти од минатот лето и предизвика сериозни недостатоци во буџетите на Иран и Венецуела.

XS
SM
MD
LG