Достапни линкови

logo-print

Двајца осомничени за подметнат пожар во весник во Германија


Полицијата во Германија уапси двајца осомничени за подметнатиот пожар кој се случи денеска во весникот што ги објавуваше карикатурите на сатириричниот магазин Шарли Ебдо. Властите велат дека двајцата мажи биле уапсени во близина на зградата на Хамбургер Моргенпост, откао било алармирано за пожарот во два часот наутро. Се уште нема детали дали осомничените се ослободени. Од Хамбургер Моргенпост изјавија дека од пожарот биле уништени неколку документи од нивната архива, но дека нема повредени. Властите велат дека пожарот брзо бил изгаснат, додавајќи дека во подрумот на весникот биле пронајдени молотови коктели и камења. Во меѓувреме полицијата е распоредена и во други германски весници кои исто така објавуваа карикатури и цртежи на Шарли Ебдо, еден ден откако Ал Каеда беше поврзана со напаѓачите кои убија 12 луѓе во магазинот во Париз. За време на нападот на 7 јануари, напаѓачите извикуваа дека тие го одмаздуваат пророкот Мухамед, кој беше прикажан во цртежите на магазинот.

XS
SM
MD
LG