Достапни линкови

Десетици загинати во неколку инциденти во Пакистан


Илустрација

Илустрација

Најмалку 65 луѓе загинаа денеска во Пакистан во неколку инциденти, вклучително две несреќи со патнички автобуси. Властите велат дека 59 луѓе загинаа кога патнички автобус се судрли со танкер со нафта во близина на јужното пристаниште во градот Корачи. Полицијата соопшти дека автобусот се движел од Корачи кон Шикарпур и бил преоптоварен со луѓе кои биле качени на покривот кога се случил сударот со танкерот во близина на Гулсхан е Хадед. Танкерот со нафта наводно возел брзо во погрешна насока на автопатот. Двете возила се запалиле од сударот и телата на жртвите биле изгорени до непрепознатливост. Неколку часа подоцна патнички автобус се превртел на автопат во југозападната провинција Балочистан , при што загинале шест лица и многу други биле повредени.

XS
SM
MD
LG