Достапни линкови

Хрватите гласаат во вториот круг на претседателските избори


Хрватите денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори, на кој треба да изберат меѓу актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ од конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ). Изборите се одржуваат во услови на зголемено незадоволство на граѓаните од економската криза во земјата. Во првиот круг кој се одржа на 28 декември, 57 годишниот социјалдемократ Иво Јосиповиќ доби 38,46 отсто од гласовите, а поранешната шефица на хрватската дипломатија Грабар Китаровиќ, доби 37,22 проценти. Овој резултат претставуваше удар за Јосиповиќ кој е кандидат на владејачката лева коалиција и кој според анкетите беше фаворит за победа уште во првиот круг. Избирачите во Хрватска, според аналитичарите, „го казнија“ Јосиповиќ во првиот круг поради неспособноста на Владата да ја заздарви економијата.

XS
SM
MD
LG