Достапни линкови

Милион луѓе и десетици светски лидери ќе маршираат низ Париз


Повеќе од еден милион луѓе и десетици светски лидери планираат денеска да маршираат низ Париз во чест на жртвите на смртоносните терористички напади. Францускиот премиер Мануел Валс вели дека луѓето ќе дојдат да ја покажат својата „љубов за слободата“ и „љубовта за братството“, по нападите на радикалните исламисти врз сатиричниот неделник Шарли Ебдо, врз француската жена полицаец и врз еврејскиот супермаркет, во кои беа убиени 17 луѓе. Илјадници полицајци и војници се распоредени во пресрет на маршот кој е закажан за 15 часот.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Матео Рензи се очекува да маршираат со францускиот претседател. Исто така на маршот се очекува да присуствуваат јорданскиот крал Абдула Втори и кралицата Ранија, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас. Планирано е на собирот да се придружет и украинскиот претседател Петро Порошенко, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, грузискиот премиер Ираки Гарибашвили и јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европската унија, Доналд Таск и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

XS
SM
MD
LG