Достапни линкови

СОНК најави генерален штрајк


Macedonia - Syndicate for Education and Science of Macedonia - 2014

Macedonia - Syndicate for Education and Science of Macedonia - 2014

Синдикатот за образование и наука најави генерален штрајк кој ќе започне на 20 јануари поради, како што соопштија, неисполнување на нивните барања за зголемување на платите, како и за укинување на казните на наставниците воведени врз основа на екстерното оценување. Од СОНК велат дека се незадоволни од процесот на преговори со надлежните министерства, кои се водат веќе три месеци и велат дека преговори речиси и да немало. Од синдикатот велат дека штрајкот ќе се одвива на начин што професорите ќе доаѓаат на своите работни места, но нема да има предавања. Синдикатот бара зголемување на платите, укинување на казните за екстерното тестирање, како и да се поедностави работата со електронскиот дневник.

Оваа одлука претставува реактивирање на генералниот штрајк од септември минатата година, кога беше ставен во мирување за да започнат преговори со надлежните министерства за барањата на просветарите. Нагласуваат дека овојпат нема да попуштат и ќе одат до крај во исполнувањето на нивните барања. За најавениот штрајк добиле подршка и од меѓународните синдикални организации. Од синдикатот најавија дека во штрајк ќе стапат околу 30 илјади просветни работници и дека тој ќе трае се додека не се најде прифатливо решение за нивните барања.

XS
SM
MD
LG