Достапни линкови

Груевски во посета на Индија


Премиерот Никола Груевски и владината делегација составена од министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф, заменик министерот за економија, Христијан Делев и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекероски, денеска и во наредните неколку дена се во економско политичка посета на Индија.

Груевски и владината делегација денеска ќе престојуваат во градот Ахмедабад, каде ќе учествуваат на седмиот глобален самит Вибрант Гуџарат кој ќе трае од денеска до 13 - ти овој месец, а ќе го отвори индискиот премиер Нарендар Моди. За време на самитот премиерот Груевски се очекува да оствари повеќе одвоени билатерални средби на политичко и економско ниво. На овогодинешниот самит се очекува да присуствуваат околу 7.000 делегати од академската средина, преставници на глобални компании и корпорации од автомобилската, технолошката, градежната, телекомуникациската индустрија, како и голем број политичари. На настанот ќе бидат присутни и главните луѓе на 50 најголеми компании во Индија.

XS
SM
MD
LG