Достапни линкови

Во Скопје ќе се одржи марш во чест на жртвите во Париз


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), организира марш кој ќе се одржи денеска во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во просториите на сатиричниот магазин Шарли Ебдо во Париз. Маршот ќе започне во 15 часот од Паркот на новинарите, спроти зградата на некогашната НИП Нова Македонија, а ќе заврши пред Француската амбасада во Скопје. ССНМ ја повикува новинарската фела и граѓаните да дојдат во Паркот на новинарите, каде ќе можат да остават пораки со поддршка до колегите од Франција.

Собирот е инициран по повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно денеска во исто време, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во „Шарли Ебдо“.

XS
SM
MD
LG