Достапни линкови

logo-print

Турција да ги зголеми мерките за безбедност


Поранешниот заменик директор на турската разузнавачка агнција МИТ, Џеват Онеш, смета во Турција постои голема веројатност за активирање на „заспаните ќелии“ на џихадистите. Тој вели дека има можност џихадиситите кои се активни во Сирија и Ирак, да ја загрозат и Турција. „Низ Турција минува транзитниот пат на џихадистите. Поради тоа земјата е изложена на ризик“, изјави Онеш за весникот „Џумхуриет“. Според него, турските безбедносни сили треба да преземат сериозни мерки за зајакнување на безбедноста, која може да биде загрозена од турски или странски џихадисти.

Онеш смета дека е неопходно да се подобри системот на работа на турските безбедносни сили и на разузнавањето. Говорјеќи за нападот во Истанбул во вторникот, кога жена самоубиец се саморазнесе пред полициска станица и уби еден полицаец, Онеш истакнува дека не е исклучено зад него да стои џихадистичката групата Исламска држава, Ал Каеда или некоја друга исламистичка организација.

XS
SM
MD
LG