Достапни линкови

Французите протестираат против екстремизмот


Француски војници патролираат по улиците.

Француски војници патролираат по улиците.

Властите во Франција повикаа на екстремна претпазливост на собирот, со оглед на тоа дека постојат ризици, а Владата ќе воведе стотици воени трупи кои ќе бидат поддршка на полицијата и другите безбедносни служби.

Француските граѓани утре ќе одржат масовни демонстрации во Париз за да покажат единство против екстремистите, по нападот што се случи врз францускиот сатиричен магазин, Шарли Ебдо, во кој загинаа 12 луѓе. На протестот се очекува да присуствуваат повеќе европските лидери, вклучително германската канцеларка, Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Веќе можам да кажам дека ги преземавме сите неопходни мерки за да ја гарантираме безбедноста на собирот, така што тие што сакаат да одат таму, тоа да го направат тоа целосно безбедни.

Властите во Франција повикаа на екстремна претпазливост на собирот, со оглед на ризиците. Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казеневе, соопшти дека владата ќе воведе стотици воени трупи кои ќе бидат поддршка на полицијата и другите безбедносни служби и дека Франција ќе ги презеде „сите мерки“ за да ја осигура безбедноста на граѓаните за време на масовниот собир во Париз на 11 јануари.

„Веќе можам да кажам дека ги преземавме сите неопходни мерки за да ја гарантираме безбедноста на собирот, така што тие што сакаат да одат таму, тоа да го направат тоа целосно безбедни“, вели Казеневе.

Тој додаде дека во сегашните услови се соочуваат со ризици. Затоа е важно дека безбедносниот план, кој е зголемен во регионот на Париз и во останатите делови од земјата, да зајакнува и во следните неколку недели.

Неговиот коментар следеше по денешниот итен состанок со претседателот Франсоа Оланд, што се одржа неколку часа по драматичниот крај на опсадата која резултираше со смрт на двајцата браќа кои убија 12 луѓе во работните простории на сатиричниот магазин Шарли Ебдо.

Француските сили се во потрага и по сопругата на Амеди Кулибали, кој исто така загина на 9 јануари кога безбедносните служби влегоа во еврејскиот супермаркет во источниот дел на Париз, каде што тој земал заложник што купувал.

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, во вчерашното обраќање ги повика француските граѓани „да се кренат оваа недела“ и заедно да ги бранат вредностите на демократијата, слободата и плурализмот на кои, како што рече „сме приврзани.“

Но, и покрај повиците на лидерите, во земјата се поставуваат прашањата како тrојцата луѓе се пробија низ безбедносната мрежа, откако се дозна дека тие им биле познати на разузнавачките агенции.

Во меѓувреме, францускиот премиер Мануел Валс призна дека безбедносните служби направиле разузнавачки пропусти кои довеле до смртоносниот напад врз Шарли Ебдо. Тој додаде дека владата морала да направи анализа што точно се случило за време на нападите на 7 јануари, бидејќи како што истакна „тоа секако беше неуспех“.

Некои експерти рекоа дека убиствата можеле да бидат спречени доколку претставниците на безбедносните служби спроведувале близок надзор врз главните осомничени во нападот, браќата Шериф и Саид Куачи. Тие велат дека владата знаела дека тие имаат радикални исламистилки гледишта, а за Шериф било познато дека бил со терористичката група Ал Каеда на Арапскиот полуостров. Сепак други експерти тврдат дека е невозможно да бидат следени 5.000 исламисти, колку што живеат во Франција.

И американската влада денаска ги предупреди своите граѓани да внимаваат кога патуваат, особено по терористички напади што се случија во Канада, Австралија и Франција.

Стејт департментот соопшти дека без разлика дали нападите се поврзани со терористички ентитети или со поединци, американците треба да бидат будни, претпазливи и да ја зголемат нивната безбедносна свест.

Во изјавата, во која е нотиран масакрот на францускиот сатиричен магазин, заложничката криза во Сиднеј и пукотниците во канадскиот парламент во октомври, ги повикува луѓето да бидат претпазливи и во САД и во странство и особено да бидат внимателни кога се собираат во поголем број на спортските натпревари и туристичките атракции. Стејт департментот предупреди на зголемена веројатност на одмазнички напади против САД и нејзините партнери во борбата против Исламската држава.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG