Достапни линкови

Спречени терористички напади во Истанбул


Пред трговски центар во Истанбул денеска била пронајдена бомба, која подоцна е деактивирана, јавува новинската агенција Анадолија. Случајни минувачи ја повикале полицијата да пријават сомнителен пакет кој бил оставен во трговскиот центар во квартот Башакшехир, и потоа било откриено дека во пакетот има експлозивна направа, која подоцна била деактивирана. Во Истанбул вчера бил спречен и друг обид за напад во трговски центар. Во заедничка акција на турската полиција и на Националната разузнавачка агенција МИТ, бил спречен обид за бомбашки напад во истанбулски трговски центар. Двајцата осомничени напаѓачи биле уапсени во момент кога се подготвувале за ивршување на нападот. Претходно тие биле следени од полицијата.

XS
SM
MD
LG