Достапни линкови

„Спејс икс“ не успеа да го реализира револуционерното слетување


Илустрација

Илустрација

Американската компанија „Спејс икс“ соопшти дека нејзиниот револуционерен обид, деловите од својата ракета да ги донесе на меко слетување на лебдечката платформа на море, не е успешен. Основачот на „Спејс икс“, милијардерот Елон Маск, рече дека прват фаза на беспилотната ракета „Фалкон“ стигна до лебдечката платформа, која се наоѓа неколку стотици милји од североисточниот дел на Флорида, но засилувачот слегол премногу тешко и се распаднал.

Маск на Твитер напиша: „Блиску, но не и успешно. Бродот е во ред, некои делови од опремата на палубта ќе треба да бидат заменети. Не снимивме убаво видео од слетувањето. Црна темница и магла.“ „Спејс икс“ има намаера и понатаму да се обидува. Доколку тоа успее, трошоците за лансирање на ракети ќе бидат драматично пониски, бидејќи ќе можат да се реновираат и повторно да се користат.

XS
SM
MD
LG