Достапни линкови

Рохани: Радикалите промовирааат исламофобија


Иранскиот претседател Хасан Рохани ги осуди смртоносните напади во Париз и истакна дека исламот е мирна религија. Во соопштение објавено на неговиот веб сајт, Рохани рече „ние ги осудуваме сите форми на тероризам“, без разлика дали се во Либан, Палестина, Париз или во САД. Тој вели дека терористичките напади од страна на радикалите само ги разгоруваат другите и промовираат „исламофобија“, алудирајќи на нападите од 7 и 8 јануари во Париз, во кои загинаа 20 луѓе. Рохани рече дека пророкот Мухамед е секогаш за правда, никогаш за одмазда и повика на мудрост и простување.

Неговата изјава дојде два дена откако безбедносните служби го спречија собирот на ирански новинари за нивните колеги убиени во Париз. Министерството за надворешни работи на Иран го осуди нападот и рече дека тоа е неприфатливо за слободата на говор.

XS
SM
MD
LG