Достапни линкови

Најдена опашката на авионот на „Ер Азија“


Индонезиската морнарица ја извади опашката на авионот на „Ер Азија“ што се урна во морето Јава пред две недели, при што загинаа сите 162 лица во авионот. Индонезиските истражители се во потрага по „црната кутија“ која е од суштинско значење во објаснувањето зошто авионот паднал. Не беше веднаш јасно дали гласот на копилотот и снимените податоци од летот беа се уште во внатрешноста на опашката или се откачиле кога авионот паднал во морето во невремето на 28 декември. Опашката е извадена денска на длабочина од околу 30 метри. Пребарувањето на телата и на другите делови на авионот се одвива бавно, бидејчи е попречено од сезонските дождови и брановите во морињата.

XS
SM
MD
LG