Достапни линкови

Помина претпоследната фаза во донесувањето на реформите во образованието


По повеќе од 17 часа комисиска расправа, проследена со долги паузи, Собраниската комисија за образование, наука и спорт во 3 часот наутро по втор пат го изгласа целиот пакет реформи во основното, средното и високото образование, како и законот за педагошки факултет, законот за наставници во основно и средно образование, законот за формирање академија на наставници и предлог законот за обука на директори на средни и основни училишта и предшколски установи. Со тоа помина претпоследната фаза во постапката, пред законите да бидат конечно усвоени на парнична седница. Комисијата направи претрес на 150 амандмани и ги одби сите предлози на опозицијата. За законот за високо образование беа поднесени вкупно 90 амандмани.

XS
SM
MD
LG