Достапни линкови

Горбачов: Нема да преживееме ако некој ги загуби нервите


Поранешниот советски претседател, Михаил Горбачов, предупреди дека украинската криза може да доведе до голем воен конфликт помеѓу Русија и Западот и ги критикуваше економските санкции врз Москва. Во интервјуто за германскиот неделник Шпигел, објавено денеска, Горбачов рече дека исклучително е загрижен за ситуацијата и предупреди на катастрофалната загуба на довербата помеѓу Русија и Западот.

Горбачов, кој е заслужен за падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, изјави дека е потребно „ново затоплување“ и предупреди дека „нема да преживееме во наредните години доколку некој ги загуби нервите“ во врска со кризата во источна Украина. Горбачов исто така ја критикуваше Германија, велејќи дека сака да интервенира секаде и дека германските политичари се тие кои сакаат да се креира нова поделба во Европа. Тој додаде дека економските сакнции против Русија не се паметни и се исклучително опасни.

XS
SM
MD
LG