Достапни линкови

Француската влада ги призна разузнавачките пропусти


Францускиот премиер Мануел Валс ги призна разузнавачките пропусти од стана на безбедносните служби кои доведоа до смртоносниот напад на сатиричниот магазин Шарли Ебдо. Валс на телевизијата БФМ рече дека владата морала да анализира што точно се случило за време на нападот на 7 јануари, „бидејќи тоа секако беше неуспех.“

Неколку експерти рекоа дека убиствата на 12 луѓе во неделниот магазин, вклучително осум новинари, можеле да бидат спречени доколку претставниците на безбедносните служби го задржале блискиот надзор врз браќата Шериф и Саид Куачи, главните осомничени во нападот, кои беа убиени од страна на безбедносните служби на 9 јануари. Владата знаеше дека двајцата имаат радикалнои исламистички гледишта, а за Шериф беше познато и дека поминал време со терористичката група Ал Каеда на Арапскиот полуостров. Но, некои експерти за безбедност велат дека со 5.000 исламисти, колку што живеат во Франција, невозможно е сите да бидат пратени.

XS
SM
MD
LG