Достапни линкови

Времето денеска: Облачно со слаб ветер


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Во североисточните делови ќе има услови за појава на слаб дожд, но сепак во најголем дел од земјава ќе биде суво. Ќе дува слаб доумерен ветер од северозапад, а попладне во западните делови од земјава повремено засилен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 6 до нула, а дневната од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за појава на слаб дожд. Ќе дува слаб доумерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 4, а дневната ќе се искачи до 4 степени.

XS
SM
MD
LG