Достапни линкови

logo-print

Средба меѓу министрите за надворешни работи на САД и Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот ирански колега Џавад Зариф.

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот ирански колега Џавад Зариф.

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со неговиот ирански колега Џавад Зариф наредната недела во Женева, потврдија американски претставници. Тие ќе разговараат за иранската нуклеарна програма. Средбата ќе се случи на 14 јануари. На 18 јануари во Женева треба да почне новата рунда разговори меѓу Иран и шесте светски сили – САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија за иранската нуклеарна програма. Од 15 до 17 јануари, пак, во пресрет на преговорите, ќе се одржи билатерална средба меѓу американски и ирански претставници.

XS
SM
MD
LG