Достапни линкови

Најавена министерска средба за источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Франција и Германија планираат да се сретнат наредната недела во Берлин, како дел од дипломатските напори за окончување на конфликтот во источна Украина. Средбата била договорена на денешниот телефонски разговор меѓу министрите. Сè уште е неизвесно дали ќе се одржи планираниот самит на лидерите на овие четири земји наредната недела во главниот град на Казахстан, Астана. Ако министрите за надворешни работи постигнат одреден договор, сè е можно, вели извор од украинското министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG