Достапни линкови

Убиени напаѓачите на весникот Шарли Ебдо?


Француските медиуми објавија дека се убиени браќата Шериф и Саид Куачи, осомничени за завчерашниот напад врз весникот Шарли Ебдо во Париз, во кој беа убиени 12 луѓе. Браќата биле убиени во градот Дамартин ен Гоел, каде што полицијата ги држеше под опсада во една печатница, каде што тие држеа најмалку еден заложник.

На телевизиските снимки кои го пренесуваат настанот во живо сè уште се слушаат истрели и експлозии и се гледа чад над печатницата.

XS
SM
MD
LG