Достапни линкови

Партиски препукувања за струјата


Илустрација.

Илустрација.

СДСМ бара раководниот тим на АД МЕПСО да поднесе оставка поради променливиот напон и прекините во снабдувањето со електрична енергија предизвикани од снежното невреме што неодамна ја зафати Македонија.

„Најмалку што може да направи раководството на МЕПСО, по скандалот во којшто околу 200 илјади луѓе во земјава останаа без струја или без електрични апарати поради прекините во снабдувањето со струја и променливиот напон, е да си поднесе колективна оставка“, рече Атанаско Тунески на денешната партиска прес-конференција.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДСМ треба одговорните за прекините во снабдувањето со електрична енергија на делови од западна Македонија да ги бара на друго месо, а не кај АД МЕПСО, алудирајќи на ЕВН.

„Ако [Тунески] евентуално има недоумици, сигурни сме дека неговиот заменик претседател Радмила Шеќеринска во детали ќе му објасни за нејзиниот „бонбона“ бизнис“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

МЕПСО, пак ги отфрла сите обвинувања од СДСМ и посочува дека нема никакви надлежности и не управува со дистрибутивната мрежа на која се приклучени селата кои останале без напојување во претходниот временски период.

XS
SM
MD
LG