Достапни линкови

Луѓето со тетоважи да бараат прошка од Бога


Илустрација.

Илустрација.

Дирекцијата за верски прашања на Турција соопшти дека луѓето кои имаат тетоважи, пракса, која често пати е осудувана од турскиот исламистичко конзервативен претседател Реџеп Таип Ердоган, треба да го молат Бога да им прости за тоа.

„Тетоважите се забранети од нашата религија“, се наведува во соопштението од Дирекцијата.

Оваа институција ги повика сите тетовирани лица да се ослободат од тетоважите или во спротивно да го молат Бога за прошка и да се покаат, пишува весникот „Милиет“.

И покрај тоа што повеќето муслимани ги сметаат тетоважите за грев, тие стануваат сè попопуларни, особено меѓу младите, јавуваат западни медиуми.

XS
SM
MD
LG