Достапни линкови

logo-print

Иранскиот претседател го осуди насилството извршено во име на исламот


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани го осуди насилството извршено во име на исламот, во неговото очигледно осврнување на завчерашниот напад врз францускиот сатиричен неделник Шарли Ебло во Париз, во кој беа убиени 12 луѓе. Според Рохани, тие што извршуваат екстремистички дејствија во име на религијата или на исламот „предизвикуваат исламофобија“, пренесуваат иранските медиуми. Изјавата на Рохани доаѓа еден ден откако безбедносните сили ги спречија иранските новинари да одржат мирен собир во знак на солидарност со убиените новинари во Париз. Иранското министерство за надворешни работи го осуди нападот врз францускиот весник, но соопшти дека е „неприфатливо“ слободата на говор да се користи за „понижување на монотеистичките религии“.

XS
SM
MD
LG