Достапни линкови

logo-print

Заробената украинска воена пилотка во самица во Москва


Украинската воена пилотка Надја Савченко.

Украинската воена пилотка Надја Савченко.

Украинската воена пилотка Надја Савченко е сместена во самица во притворот во Москва. Нејзиниот адвокат денеска изјави дека таа е ставена во самица поради речиси едномесечниот штрајк со глад. Савченко беше заробена од проруските сепаратисти во источна Украина и во јуни минатата година, а наредниот месец беше затворена во Русија. Властите во Москва ја обвинуваат за соучество во убиствата на двајца руски новинари кои известуваа за конфликтот во Украина. Таа ги негира обвинувањата и тврди дека нејзиното пренесување во Русија било незаконско. Нејзиниот адвокат вели дека таа била подложена на психијатриски тестови без нејзина волја, со кои е утврдено дека е ментално способна да го издржи судењето. Адвокатот тврди дека на Савченко ѝ се врши психолошки притисок да признае дека е виновна.

XS
SM
MD
LG