Достапни линкови

ЕУ бара информативни алтернативи на руската пропаганда


Илустрација.

Илустрација.

Велика Британија, Данска, Естонија и Литванија ја повикаа ЕУ да создаде информативни алтернативи на руската пропаганда. Во писмото до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, министрите за надворешни работи од овие четири земји велат дека Москва ги задушува независните медиуми и ги засилува „дезинформациите“ против западните критики поради војната во Украина. Во писмото се наведува дека пропагандата на Кремљ има цел да ја поткопа ЕУ и западното единство и се повикува Унијата да создаде алтернативни извори на информации против руската пропаганда до 2016 година.

Повикот доаѓа неколку дена откако претседавачот со ЕУ, Летонија, објави дека размислува за отворање телевизија на руски јазик со поддршка од Унијата. Претставници на Министерството за надворешни работи соопшти дека конечната одлука треба да биде донесена до мај. На околу 40 проценти од жителите на Летонија и на соседната Естонија, рускиот им е мајчин јазик и редовно гледаат руски телевизии.

XS
SM
MD
LG