Достапни линкови

Полицијата преговара со напаѓачите врз францускиот весник


Полицијата ги опколи осомничените за нападот врз сатиричниот неделник Шарли Ебдо во Париз во една печатница во близина на градот. Тие наводно држат најмалку еден заложник. Властите велат дека воспоставиле телефонски контакт со осомничените во печатницата, браќата Шериф и Саид Куачи, и преговараат за безбедна евакуација на 900 луѓе од блиското училиште. Во полицијата во градот Дамартин ен Гоел изјавија дека браќата рекле оти „сакаат да умрат како маченици“.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека осомничените за завчерашниот напад врз весникот Шарли Ебдо во кој беа убиени 12 луѓе се поврзани и со вчерашното убиство на полицајка во предградие на Париз, но не кажаа каква е поврзаноста. Полицијата е во потрага по друг осомничен за вчерашното пукање.

XS
SM
MD
LG