Достапни линкови

Мобилен телефон за муслимани во Русија


Мобилен телефон за муслимани беше пуштен во продажба денеска во Москва. Претседателката на руската Женска муслиманска унија, Наилија Зиганшина, вчера изјави дека телефонот го прикажува Коранот на руски и на арапски јазик, го потсетува сопственикот кога е време за молитва и ја покажува насоката кон Мека. Телефонот на руската компанија BQ се произведува во Кина и чини 1900 рубљи, односно, околу 31 долари. Достапен е во три бои – зелена, црна и пурпурна. Околу 15 отсто од жителите на доминантно православната Русија се муслимани.

XS
SM
MD
LG