Достапни линкови

Преговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма


Архивска фотографија: Aмериканскиот државен секретар Џон Кери и неговиот ирански колега Џавад Зариф.

Архивска фотографија: Aмериканскиот државен секретар Џон Кери и неговиот ирански колега Џавад Зариф.

Американски и ирански претставници наредната недела ќе одржат билатерални разговори за иранската нуклеарна програма во Женева. Стејт департментот вчера соопшти дека заменик државната секретарка Венди Шерман ќе го предводи американскиот тим на преговорите од 15 до 17 јануари. Политичката директорка на ЕУ, Хелга Шмит ќе се придружи на преговорите и ќе ја предводи средбата меѓу претставници на Техеран и на шесте светски сили на 18 јануари. Иран и силите – Велика Британија, САД, Русија, Кина, Франција и Германија, ги пробија двата крајни рока за постигнување конечен договор за иранската нуклеарна програма.

Иранската новинска агенција ИСНА објави дека американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со неговиот ирански колега Џавад Зариф на 14 јануари во Женева, но од САД засега нема потврда на оваа информација.

XS
SM
MD
LG