Достапни линкови

logo-print

Опколени осомничените за нападот врз Шарли Ебдо


Француската полиција ја опколи областа кај Демартин ан Гоел каде во простории на една градежна компанија се наоѓале осомниченте за терористичкиот напад во Париз.

Француската полиција ја опседна областа североисточно од Париз, каде што се верува дека се наоѓаат осомничените за смртоносниот напад врз магазинот Шарли Ебдо кои држеле најмалку еден заложник.

Се јавува и за преговори со осомничените со кои претходно имало престрелки кај една градежна компанија во местото Демартин ан Гоел.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казеноуа изјави дека е во тек операција за "неутрализирање" на осомничените, браќата Шариф и Саид Коучи.

„Операцијата е во тек кај Демартин ан Гоел во која се мобилизрани сите сили во подрачјето. Нивната мобилизација на теренот и присуството е благодарејки на вчерашната операција за брз одговор согласно планот“

Браќата Шариф и Саид Коучи

Браќата Шариф и Саид Коучи

Претходно телевизијата во живо пренесуваше полициска бркотница со автомобили и престрелка со браќата Коучи.

Инаку, илјадници полицајци и војници поддржани од хеликоптери ја пребаруваа областа северно од Париз, во потрага по двајцата осомничени за масакрот.

Браќата се осомничени дека го извршиле нападот врз просториите на магазинот, во кој загинаа 12 луѓе. Меѓу жртвите на нападот беа осум новинари и двајца полицајци.

На весникот му се закануваа од милитантната група Ал Каеда поради карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед.

Во целиот свет не стивнуваат поддршката за слободата на говорот и осудите за овој терористички напад.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG