Достапни линкови

Демонстрации во Истанбул за осуда на нападот врз „Шарли Ебдо“


Турската демократска јавност од познатиот плоштад Таксим во Истанбул го осуди нападот врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој во средата беа убиени 12 лица, соопшти турскиот весник „Радикал“.

Водечките турски печатени изданија денеска објавија карикатури и написи со кои го осудија нападот.

„Моливот не замолкнува“ и „Смеата го убива стравот“ (цитат од „Името на розата“ на Умберто Еко), се насловите во турските весници „Хуриет“ и „Хабертурк“.

XS
SM
MD
LG