Достапни линкови

logo-print

Париз - престрелки, ранети лица и заложници


Медиумите од Париз јавуваат дека е во тек потера со полициски автомобили североисточно од Париз, а има извештаи и за земање заложници за што се верува дека има поврзаност со нападот врз сатиричниот магазин Шарли Ебдо .

Се јавува и за престрелки кај една градежна компанија Демартин ен Гол каде што бил земен најмалку неден заложник, а имало и ранети лица. Медиумите јавуваат и дека имало еден убиен, што беше демантирано од надлежните власти..

Претходно беше јавено дека илјадници полицајци и војници поддржани од хеликоптери ја пребаруваат областа северно од Париз, во потрага по двајцата осомничени за масакрот.

Официјален претставник изјави дека повеќе од 88 илјади припадници на безбедносните сили се распоредени во целата земја, со зголемена концентрација во северниот регион Пикарди, каде што се смета дека Шериф Куаши и неговиот брат Саид вчера ограбиле бензинска пумпа. Браќата се осомничени дека го извршиле нападот врз просториите на магазинот, во кој загинаа 12 луѓе.

XS
SM
MD
LG