Достапни линкови

Времето сончево и нешто потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура се движи од минус 14 до минус пет, а дневната ќе биде од нула до седум степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до три степени.

Во деновите од викендот ќе има значителен пораст на температурите што ќе услови снежната покривка да се топи. Утре во североисточните делови ќе има појава на слаб дожд, а в недела кон крајот на денот земјава ќе потпадне под влијание на нов влажен бран кој ќе предизвика врнежи од дожд. Овие врнежи од дожд в понеделник на повеќето места ќе преминуваат во врнежи од снег проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка особено на планините во западните делови од земјава.

XS
SM
MD
LG