Достапни линкови

logo-print

Нема економски прогрес во Тетово само со трговски центри


Тетово без значителен економски развој и покрај големиот број нови деловни објекти во градот. Се отвораат трговски центри, супермаркети и слични трговски објекти кои немаат големо влијание врз подобрување на стопанството, сметаат економските аналитичари.

Во Тетово во 2014 година се отворија три големи трговски центри и многу слични деловни објекти, но според економските показатели, нема значајно намалување на невработеноста. Салајдин Идризи од Агенцијата за поддршка на претпријатија, објаснува дека во Тетово новите трговски комплекси создале нови работни места, но од друга страна, токму поради нивното постоење биле затворени помали продавници.

Едните се затвораат, другите се отвораат и доаѓаме на иста бројка на вработени или невработени лица. Затоа јас сметам дека ова е добро само за потрошувачите.

„Значи едните се затвораат, другите се отвораат и доаѓаме на иста бројка на вработени или невработени лица. Затоа јас сметам дека ова е добро само за потрошувачите каде имаат поголеми понуда, поконкурентни цени, пониски цени, за домаќинствата е подобро, ама не е решавање на проблемот на невработеноста. Што се однесува до невработеноста, треба да се отворат многу производствени капацитети кои треба да бидат извозно ориентирани, зашто тоа придонесува за развој на стопанството во нашиот регион и воопшто во државата. Затоа и Владата и општината треба повеќе да размислуваат во овој правец“, истакнува Салајдин Идризи.

Ако се направи производство, во самиот ланец, во реализирање на производството од добавувачи, производство, продажбата, самиот синџир на реалниот сектор овозможува отворање на поголем број работни места.

Неговиот колега Неби Јусуфи објаснува дека голем број поранешни фабрики со по неколку илјади работници не работат, а нема ниту отворање на нови, иако во Тетово има една од технолошко индустриските развојни зони. Повеќе производствени капацитети се основа за повеќе луѓе да се најдат работа.

„Ако се направи производство, во самиот ланец, во реализирање на производството од добавувачи, производство, продажбата, самиот синџир на реалниот сектор овозможува отворање на поголем број работни места“, смета Јусуфи.

Аналитичарите сметаат дека во Тетово има многу потенцијал за развој на фабричко производство поради можноста печалбари да вложуваат, како и да искористи тоа што регионот има бројно население кое би требало да се доквалификува.

„Имаме потенцијал и ние уште повеќе да ги влечеме нив да им даваме поволни услови да инвестираат во нашиот регион и така бидеме производствени и повеќе да имаме производствени капацитети“, оценува Идризи

Секоја година бројката на дипломирани студенти во различити дејности се зголемува, а бројот на нови работни места не е доволен, рече Јусуфи.

Во тетовско како невработени се евидентирани околу 13 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG