Достапни линкови

logo-print

Снег ги покри и грчките острови


Илустрација.

Илустрација.

Голем број училишта во Грција денеска се затворени поради снегот кој падна во цела земја, дури и на некои острови во Егејско Море. Дел од училиштата во северниот и источниот дел на Атина, како и во северниот и централниот дел на Грција, како и на Крит и на Киклади, училиштата не работат по новогодишните празници поради снегот и студот.

Голем број патишта се непроодни или сообраќајот отежнато се одвива поради снегот и мразот. Снег утрово почна да паѓа во Атина.

На Киклади, на островот Тинос и Андрос, плажите се покриени со снег. Некои села се отсечени поради снегот, а има и прекин на електричната енергија. На планините на Крит снежната покривка изнесува еден метар.

XS
SM
MD
LG