Достапни линкови

Оер: Нападот врз Шарли Ебду е обид за застрашување


Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер.

Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер.

Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер во обраќањето на денешната комеморација за загинатите лица во атентатот против Шарли Ебдо, истакна дека денес е Ден на национална жалост во Франција и во светот, во француските дипломатски и конзуларни претставништва.

„Вчера, во 11 часот, во еден подмолен чин, при еден ладнокрвно извршен кукавички напад, против седиштето на Шарли Ебдо, паднаа до овој миг 12 жртви. Познати карикатуристи од францускиот печат, новинари, вработени и двајца припадници на полицијата се во редот на жртвите. Тие паднаа под куршумите на омразата и нетолеранцијата“, истакна Оер на комеморацијата во Француската амбасада во Скопје.

Шарли Ебдо, како што додаде, ја отелотворува слободата на изразување во Франција на сите можни теми. Интелектуалната провокација е суштинска за градење на нашата мисла, на нашата демократија. Цртежот, хуморот се израз на една фундаментално право, слободата на мислење.

„Напаѓајќи го Шарли Ебдо поради неговите ставови, напаѓачите сакаат да нè застрашат, да ја замрзнат нашата мисла за да ја напуштиме идејата за слобода денес и идејата за демократија утре. Ние не го прифаќаме тоа варварство, ние никогаш нема да потклекнеме пред нетолеранцијата, пред тероризмот. Насекаде во светот, француските граѓани и сите носители на демократијата го креваат својот глас за тоа да го искажат“, нагласи француската амбасадорка.

XS
SM
MD
LG