Достапни линкови

Француската полиција трага по напаѓачите врз Шарли Еблу


France -- French special intervention police conduct a house-to-house search in Longpont, northeast of Paris, January 8, 2015

France -- French special intervention police conduct a house-to-house search in Longpont, northeast of Paris, January 8, 2015

Француската полиција поддржана од хеликоптери денеска се распореди во градот Вилерс Котерец североисточно од Париз, откако било пријавено дека биле забележани двајца што личат на осомничените за вчерашниот напад врз сатиричниот магазин Шарли Еблу во Париз во кој беа убиени 12 луѓе. Според извештаите, двајца тешко вооружени луѓе ограбиле бензинска станица во близина на градот и испукале неколку куршуми по што избегале со сиво Рено Клио – истиот тип на украден автомобил со кој осомничените за нападот во Париз побегнале.

Претходно денеска беше убиена една полицајка во предградие на Париз, а друг човек е сериозно ранет.Напаѓачот, кој носел панцирен елек, пукал со автоматска пушка по што избегал со автомобил. Сè уште не е познато дали овој напад има врска со вчерашниот.

Извор близок до истрагата информира дека во автомобилите што првично ги користеле напаѓачите врз францускиот весник и кои потоа беа напуштени биле пронајдени десетици молотови коктели и две џихадистички знамиња.

XS
SM
MD
LG