Достапни линкови

САД напушта 15 воени бази во Западна Европа


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Пентагон денеска соопшти дека ќе им врати 15 воени бази во Западна Европа на земјите домаќини. Базите се во Велика Британија, Германија, Италија, Португалија, Белгија и во Холандија. Со овој потег се очекува да се штедат по околу 500 милиони долари годишно, во услови кога се очекува намалување на американските воени буџети во наредните години. Во исто време, Пентагон соопшти дека САД се посветени на зајакнување на воените ротации во балтичките земји и во Полска во услови на затегнати односи меѓу Русија и Западот поради конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG