Достапни линкови

Големи очекувања од македонските спортисти


Ракометна репрезентација на Македонија.

Ракометна репрезентација на Македонија.

Оваа година македонските спортисти ќе имаат бројни меѓународни настапи. Тие очекуваат подобри пласмани, одбрана на титулите и квалификации за ОИ во Рио де Жанеиро.

Во 2015-та година македонските спортисти ќе имаат бројни меѓународни настапи, а прва на врвната сцена ќе се појави машката ракометна репрезентација. Таа од средината на овој месец ќе биде дел од СП во Катар (15 јануари - 1 февруари), каде што, прво преку групата во која се и селекциите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и Иран, ќе се бори за пласман во Топ 16, а потоа ќе атакува и на влез во четвртфиналето, што носи квалификации за ОИ во Рио де Жанеиро (во август 2016 година).

Жребката е добра. Групата со која што би вкрстиле понатаму ако се пласираме во осминафиналето, исто така е добра. И оние два натпревари, што сите очекуваме да ги победиме, со Холандија и Грузија, и можеби едно изненадување во трите средби против посилните репрезентации во нашата група.

Ракометниот национален тим ќе биде во фокусот и во април и во јуни, кога Лазаров и другарите ќе се обидат да го задржат второто место во групата со Франција, Чешка и со Швајцарија, за пласман на ЕП во Полска (јануари 2016 година).

Александар Костоски, кошаркар.

Александар Костоски, кошаркар.

Големи очекувања јавноста има и од кошаркарската репрезентација. Таа во септември (5-20 септември), ќе настапи на ЕП кое за првпат ќе се одржи во 4 држави (Франција, Германија, Хрватска и Летонија). Ние сме во групата во Загреб, каде што ќе се бориме за пласман во осминафиналето односно за најмалку четврто место во конкуренција на Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија. Во националниот тим се убедени дека примарната цел ќе биде исполнета, а според репрезентативецот Александар Костоски, не сме без шанси и кога е во прашање влезот меѓу најдобрите 8 на Стариот континент.

Имаме светски играчи кај нас. Но, не зависи секогаш од тоа. Има многу клубови што вложуваат исто толку колку што и ние, ако не и повеќе. Тоа се 7-8 клуба. Има многу фактори што зависат, треба среќа при жребка... Но, мислам дека Вардар е сериозен тим и имаме шанса да се пласираме во фајнал – фор.

„Жребката е добра. Групата со која што би вкрстиле понатаму ако се пласираме во осминафиналето, исто така е добра. И оние два натпревари, што сите очекуваме да ги победиме, со Холандија и Грузија, и можеби едно изненадување во трите средби против посилните репрезентации во нашата група (Хрватска, Словенија и Грција), би не довело во одлична ситуација да може да се пласираме во четвртфиналето“, изјави Костоски.

Од репрезентациите, фудбалската ќе ги продолжи квалификациите за ЕП во Франција, а одбојкарите, во Европската лига (во јуни и во јули) ќе го бранат третото место освоено лани.

Тоа е еден од моите најголеми предизвици досега. Претходно е Европското првенство, се надевам дека со медал од ЕП, или евентуално петто место, ќе изборам пласман за да добијам норма за да учествувам на овие Европски олимписки игри и, нели, повторно да донесеме голем резултат за нашата држава.

Возбудувањата на клупски план продолжија со настапите на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, но она вистинското почнува во февруари. Тогаш стартува вториот дел од сезоната во ракометната Лига на шампиони, каде што женскиот првак Вардар, ќе се обиде да го повтори ланскиот пласман на Фајнал - фор турнирот (го освои третото место) за што прво ќе треба да стигне до четвртфиналето и тоа преку двомечите со Динамо, Лајпциг и со Крим.

Жарко Арсовски, каратист.

Жарко Арсовски, каратист.

Слични амбиции има и машкиот тим на Вардар, кој иако треба да одигра уште два дуела од групната фаза (со Монпеље и со Рајн Некар), веќе го обезбеди пласманот во Топ 16. Имајќи го предвид квалитетот, општо е мислењето дека вардарци напролет, исто како и лани, ќе играат во четвртфиналето, а според пикерот Стојанче Стоилов, годинава тимот има сили и за настап во полуфиналето.

„Имаме светски играчи кај нас. Но, не зависи секогаш од тоа. Има многу клубови што вложуваат исто толку колку што и ние, ако не и повеќе. Тоа се 7-8 клуба. Има многу фактори што зависат, треба среќа при жребка... Но, мислам дека Вардар е сериозен тим и имаме шанса да се пласираме во фајнал – фор“, рече Стоилов.

Претходното, за жал не може да се каже и за машкиот првак Металург, кој откако ги загуби шансите за Топ 16, наредниот месец ќе ги одигра последните два меча (со Загреб и со Кил) од групната фаза во Лигата на шампионите.

Кога е во прашање поединечната конкуренција, најдобриот македонски спортист во 2014-та, Игор Стефановски Иџе, во април ќе ја стартува одбраната на европската титула во автомобилизам на ридски патеки, во февруари ќе почне новата сезона од Гран при серијата во маратонско пливање, каде што Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев се актуелни светски вицепрваци, а годинава Македонија за прв пат ќе биде дел и од Европските олимписки игри, кои од 12-ти до 28-ми јуни ќе се одржат во Азербејџан. Во моментов е сигурно дека таму ќе имаме претставници во атлетика, бокс, борење, во новиот спорт кој е влезен во програмата - самбо, како и во каратето. Имајќи предвид дека последниве години тоа е нашиот најтрофеен спорт, најголеми адути за висок пласман ќе ни бидат токму каратистите, меѓу кои се очекува да биде и единствениот Македонец што освоил медал на сениорско СП (бронза пред 5 години), Жарко Арсовски.

„Тоа е еден од моите најголеми предизвици досега. Претходно е Европското првенство, се надевам дека со медал од ЕП, или евентуално петто место, ќе изборам пласман за да добијам норма за да учествувам на овие Европски олимписки игри и, нели, повторно да донесеме голем резултат за нашата држава“, изјави Арсовски.

Од другите позначајни натпреварувања, во 2015-та настап на СП ќе имаат алпските (2-15 февруари во САД) и нордиските скијачи (18-28 февруари во Шведска), потоа пливачите (24 јули – 9-ти август во Русија), атлетичарите (22-30 август во Кина), борачите (7-13 септември во САД), како и боксерите (5-18 октомври во Катар).

Во оваа предолимписка година, до визата за ЛОИ во Рио де Жанеиро (во 2016-та) ќе се обидат да се доближат и кајакарите, стрелците, велосипедистите и џудистите, а стандардно, балкански, континентални и планетарни предизвици им претстојат и на каратистите и на кик - боксерите.

XS
SM
MD
LG