Достапни линкови

Нови разговори за источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со неговите колеги од Германија и од Франција за конфликтот во Украина. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров разговарал со францускиот министер Лорен Фабиус и со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.

Претставници на Русија, Украина, Франција и Германија во Берлин на 5 јануари разговараа за напорите за окончување на конфликтот меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина. Лидерите на овие четири земји можеби ќе се сретнат на 15 јануари во главниот град на Казахстан, Астана. Русија негира вмешаност во конфликтот, додека Киев и НАТО тврдат дека им дава директна воена поддршка на сепаратистите.

XS
SM
MD
LG