Достапни линкови

Нема оправдување за насилство во име на религија


Од ИВЗ и од МПЦ велат дека со насилство не се истерува правда и велат дека тоа бог нема да го оправда во која било религија.

Исламската верска заедница и Македонската православна црква го осудија вчерашниот напад на канцелариите на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо во Париз. Во нападот загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои двајца полицајци и четворица новинари. Францускиот претседател Франсоa Оланд изјави дека се работи за терористички акт. Поглаварот на ИВЗ, Реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи вели дека тие секогаш биле против злоупотреба на верата за такви криминални цели.

Апсолутно каде и да е тоа, дали во христијанството или во исламот, тие што се обидуваат така да се кријат зад тоа и од тие побуди е чиста злоупотреба, за да ги остварат своите криминални цели.

„Сега како што изгледа мода е во целиот свет и криминалците сакаат да се кријат зад религиските побуди, односно зад верата на која припаѓаат, тоа е наше мислење. Апсолутно каде и да е тоа, дали во христијанството или во исламот, тие што се обидуваат така да се кријат зад тоа и од тие побуди е чиста злоупотреба, за да ги остварат своите криминални цели.“

Митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар вели дека православната црква ја осудува одмаздата и од сето ова да се извлече поука, оти не треба да се негува меѓурелигиска омраза, туку напротив да постои љубов меѓу луѓето.

Затоа тоа нека биде еден апел до сите насилници или до оние кои сакаат да истеруваат правда со оружје, дека тоа никогаш нема да биде оправдано од бога, без разлика на која религија да припаѓаат тие верници.

„Во таа смислам мислам дека оние кои посегаат по оружје и со оружје да се одмаздуваат за некакви провокации кои се направени во конкретниот случај преку медиуми или на разни други начини, тоа не е исто така дозволено, ама во секој случај треба да се оди кон тоа дека не треба никогаш да се употребува насилство за да се истера некоја правда.“

Митрополитот Петар додава дека оние кои што сакаат правда да истераат преку убиство и употреба на оружје, тие од истото ќе страдаат.

„Затоа тоа нека биде еден апел до сите насилници или до оние кои сакаат да истеруваат правда со оружје, дека тоа никогаш нема да биде оправдано од бога, без разлика на која религија да припаѓаат тие верници.“

Од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во Македонија изразија шокираност и згрозеност од дивјачкиот напад на Шарли Ебдо. Претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски упатија писмо со сочувство до Оланд и го осудија терористичкиот чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските вредности.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG