Достапни линкови

logo-print

Барселона ги прекинува сите односи со ФИФА


Фудбалерот на Барселона Лионел Меси.

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси.

Претседателот на Фудбалскиот клуб Барселона, Жозеп Бартомеу, објави дека заедно со другите раководните лица донеле одлука да ги прекинат сите релации со Светската фудбалска федерација (ФИФА) што би значело и бојкот на доделувањето на „Златната топка“. Овој потег на Каталонците доаѓа како реакција на решението на Судот за арбитража во спортот кој неодамна ја потврди одлуката на ФИФА која се однесува на забраната Барселона да прави трансфери во наредните два преодни рока, поради кршење на правилата за трансфери на малолетни играчи. Церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ е закажана за 12 јануари во Цирих, а фудбалерот на Барселона Лионел Меси е еден од кандидатите за наградата, заедно со Кристијано Роналдо од Реал Мадид и Мануел Ноер од Баерн Минхен.

„Одлучивме се додека трае казната да ги прекинеме институционалните односи со ФИФА. Му испратив сериозно писмо на Сеп Блатер и нема да присуствувам на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“. Но, тоа не е крај на овој случај“, изјави Бартомеу.

Покрај Меси, уште неколку фудбалери на Барселона се наоѓаат во изборот за тимот на годината, како што се Клаудио Браво, Жорди Алба, Дани Алвеш, Хавиер Маскерано, Жерар Пике, Чави, Андрес Иниеста, Луис Суарез и Нејмар.

XS
SM
MD
LG