Достапни линкови

Каменувано седиштето на „Златна зора“ во Атина


Група од 50 напаѓачи со камења и други предмети изврши напад врз седиштето на грчката десничарска радикална партија „Златна зора“ во главниот град Атина, јави Ал Џезира Балкан.

Зад нападот стои група што се претставува како „противници на власта“. Во нападот немало повредени и е предизвикана голема материјална штета на седиштето на „Златна зора“ и на бројни возила паркирани во близина.

По нападот групата успеала да избега, но во полициска операција биле уапсени околу 30 напаѓачи.

Задикалната група „Златна зора“ добива се поголема популарност откако грчката Влада почна со спроведување на остри мерки за штедење неопходни за излез од економската криза.

XS
SM
MD
LG