Достапни линкови

Двајца полицајци ранети во Париз


Француската полицијата соопшти дека двајцата полицајци се застрелани и сериозно ранети во јужен Париз, но не јасно дали има поврзаност со вчерашниот напад во сатиричен магазин Шарли Хебдо.

Полициски извор за АФП изјавил дека еден човек облечен во заштитен елек отворил оган врз полицајците со автоматска пушка.

Инаку, францускиот премиер Мануел Валс изјави дека неколку луѓе се приведени во ловот на осомничени за вчерашниот напад во кој беа убиени 12 луѓе во просториите на сатиричниот неделник Шарли Ебдо.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд го прогласи 8 јануари за ден на жалост.

XS
SM
MD
LG